Истекува рокот за поднесување кандидатски листи

11.11.2016 08:25

Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето, односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20-ти ноември.

На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список. Истовремено истекува и крајниот рок, до кога политичките партии и независните кандидати можат да доставуваат кандидатски листи.

По завршување на увидот во списокот, Државната изборна комисија во рок од пет дена го доставува до политичките партии. ДИК за листите одлучува во рок од 48 часа, а доколку бидат утврдени одредени неправилности, партиите имаат два дена да ги отстранат.

Ждребката за редоследот, комисијата треба да ја спроведе на 20-ти ноември. Државната изборна комисија треба да ги објави и описите на изборните единици.

Политичките партии денеска ќе потпишат кодекс, за превенција од насилство на изборите.