Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во југоисточна Македонија

11.11.2016 10:15

Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија.

Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутринава во 05 часот и 40 минути во југоисточните делови на државава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот бил во соседна Грција со магнитуда од 3,8 степени според Рихтер.

Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран вчера во 13 часот и 12 минути со магнитуда од 4,7 степени според Рихтер.