Истекува рокот за кандидатските листи

11.11.2016 13:54

Од Државната изборна комисија велат дека досега официјално никој не доставил листи.

На полноќ истекува крајниот рок, до кога политичките партии и независните кандидати треба да ги достават кандидатските листи. Од Државната изборна комисија велат дека досега официјално никој не доставил листи.

На полноќ завршува и јавниот увид во избирачкиот список. Од ДИК додаваат дека утре ќе излезат со конечната информација за бројот на пријавените гласачите од дијаспората.

По завршување на увидот во списокот, Државната изборна комисија во рок од пет дена го доставува до политичките партии. За листите комисијата решава во рок од 48 часа, а доколку бидат утврдени одредени неправилности, партиите имаат два дена да ги отстранат.

Ждребката за редоследот, Комисијата треба да ја спроведе на 20-ти ноември. Државната изборна комисија треба да ги објави и описите на изборните единици.

Политичките партии денеска го потпишаа кодексот, за превенција од насилство на изборите.