Oтворање на 15 јубилеен зимски салон на ДЛУМ

03.02.2014 12:30

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во среда во 20:00 часот ќе се оддржи отворањето на „Зимски Салон“ во Националната галерија на Македонија-Објект Мала Станица.

Годинешниот „Зимски Салон“ е јубилеен XV по ред, селектор е Емил Алексиев на тема „ТЕЛО ШТО ПОМНИ“ со што се продолжува тенденцијата поставена со XIII Зимски Салон кога манифестацијата станува меѓународна. Годинава покрај домашните автори 38 на број ќе учествуваат и 33 гости од Турција, Србија, Бугарија, Косово, Р. Српска, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Игодинава на  отворањето на изложбата ќе се изведе перформанс во склоп со темата на Салонот кој е режиранод страна на Наташа Поплавска.

Како уметникот го разбира своето тело? Како неговото тело станува уметничко дело? Како телото на другиот станува уметничко дело? Како телото станува „јавно тело“? се дел од прашањата на кои авторите преку своите дела ќе дадат одговор.Изложбата ќе ја отвори Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска

Викторија Тодоровска