Снепчет очилата конечно во продажба

16.11.2016 12:53

Еден пар очила „Снепчет Соектаклс“ ќе чинат околу 120 евра и ќе можат да се поврзат со паметен телефон, оносно со матичната апликација Снепчет.

Снепчет од сега произведува и очила во кои се наоѓа камера способна за фотографирање и снимање.

Експертите од оваа сфера оценуваат дека останува да се види како овој производ ќе помине на пазарот и дали ќе заврши како „Гугл Глас“.

Еден пар очила „Снепчет Соектаклс“ ќе чинат околу 120 евра и ќе можат да се поврзат со паметен телефон, оносно со матичната апликација Снепчет.

За жал, Европејците кои можат да ја издвојат оваа сума за нешто вакво, засега ќе мора да почекаат, бидејќи очилата моментно можат да се купат само од неколку автомати во САД.

Очилата, покрај фотографии, можат да снимаат и видеа во вид на клипови во траење од 10 секунди. Тие имаат футрола која служи за полнење на батериите.

Тоа што ќе биде проблем за овој производ е сликањето селфи, што практично е невозможно, а кое е основен начин на фотографирање кога е во прашање Снепчет.