Романски научници направија вештачка крв

01.11.2013 13:12

Романски научници направија вештачка крв, која еден ден би можела да спасува човечки животи

 
Таа содржи вода и разни видови соли, како и протеинот хемеритрин, екстрахиран од морски црви.
 
Истражувачите од „Бабес Бољај“ Универзитетот во Романија се надеваат дека на тој начин ќе успеат да го надминат недостигот на крводарители.
 
Др. Раду Силаѓи Думитреску вели дека откритието дури би можело да доведе до правење „инстант крв“ која може да се претвора во вештачка крв со додавање вода.
 
Според него, за разлика од хемоглобинот, хемеритринот останува стабилен кога ќе го изложите на хемиски или физички стрес, а вештачката крв не покажала несакани последици кај глувците.
 
Истражувачите се надеваат дека ќе добијат дозвола за тестирање врз луѓе за една или две години.
 
Работата се заснова на студијата спроведена на универзитетите во Бристол и Единбург кога научниците направиле милиони црвени крвни зрнца од матички клетки добиени од коскена срцевина.