Рома постави нов рекорд во Серија А

01.11.2013 13:20

Екипата на Рома испиша нова историја во италијанскиот фудбал откако ја забележа десеттата победа во низа од почетокот на сезоната 2013/14

 
 
Досега рекордер беше тимот на Јувентус кој на стартот од сезоната 2005/06 оствари девет победи по ред. 
 
На „Олимпико“ во Рим синоќа беше совладан Киево со 1:0. Победничкиот гол за „римската волчица“ беше дело на Марко Бориело кој погоди во 67.минута за голема радост на 40 илјади навивачи на лидерот во Серија А. 
 
Резултати на другите натпревари од 10.коло: Каљари - Болоња 0:3, Фиорентина - Наполи 1:2, Милан - Лацио 1:1, Џенова - Парма 1:0, Јувентус - Катанија 4:0, Ливорно - Торино 3:3, Сасуоло - Удинезе 1:2, Верона - Сампдорија 2:0 и Аталанта - Интер 1:1. 
 
Табела: Рома 30 бодови, Наполи 25, Јувентус 25, Интер 19, Верона 19.