Фејсбук полни 10 години

04.02.2014 11:06

Основана е на 4-ти февруари 2004-та година, а од тогаш до денес успеа да собере фасцинантен број од 1,23 милијарди корисници, што е еднакво по бројот на жители на втората најнаселена земја на светот- Индија...

Друштвената мрежа Фејсбук денеска полни 10 години. Основана е на 4-ти февруари 2004-та година, а од тогаш до денес успеа да собере фасцинантен број од 1,23 милијарди корисници, што е еднакво по бројот на жители на втората најнаселена земја на светот- Индија.

Фејсбук покрај интернетот, Википедиа и Скајп е еден од најдоприте примери за тоа како интернетот овозможува иновации кои воведуваат значајни промени во општеството, пишува „Гардијан“.

Фејсбук е креација на еден иновативен визионер, Марк Цукерберг. Меѓутоа ова не беше неговата прва креација на друштвена мрежа.

Реално претходникот на Фејсбук е Фејсмеш, кој се појавува на 28-ми октомври 2003-та година. Неговата идеја сепак е поинаква, бидејќи ги покажува сликите од студентите на Харвард, каде што студирал и самиот Цукерберг, и претставува своевидна анкета кои момци и девојки се привлечни и кои не.

Во јануари 2004-та година Цукерберг одлучи да промени концептот на веб страната, поради тогашните проблеми со раководството на Хардвард. Новата идеја е „TheFacebook“ да биде место за креирање и одржување на контакти меѓу студентите на престижниот универзитет. Првично неговата идеа покажува голем интерес. За првите 24 часа по обелоденувањето на проектот, „TheFacebook“ добива меѓу 1.200 и 1.500 регистрации.

Во март 2004-та година „TheFacebook“ започнува да прима и регистрации од универзитетите во Стенфорд, Колумбија и Јеил. Постепено сајтот станува студентска мрежа за повеќето Универзитети во Канада и САД. Успехот го натера Цукерберг да размислат за поголем развој на својата страница.

Во јуни 2004-та година, тој го напушта Харвард и се пресели во Пало Алто, Калифорнија. Во летото на истата година, „Facebook“ се претвора во вистинска компанија.

За тоа што значи Фејсбук денеска, погледнете го следното видео: