Почна традиционалниот фестивал на чајот и читањето во „Феникс“

04.02.2014 13:34

Од денеска па се до осми март во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржува фестивалот на чајот и читањето...

Од денеска па се до осми март во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржува фестивалот на чајот и читањето, во организација на издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје. Фестивалот беше отворен со врачување на наградата „Гоцевата мисла“ на Олга Панкина, за нејзиниот севкупен придонес во афирмацијата и презентацијата на македонската литература, особено за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик.

Во рамки на свеченоста беше отворена и тематската изложба „Концепт/концерт за гласно молчење и нечујно свирење“ од Христо Петрески, која ја отвори проф. Д-р Иванка Апостолова.
Организаторите на фестивалот најавија голем саемски попуст на книги, промоции, изложби, почеток на курсот за креативно пишување, манифестацијата „Денови на прозата“, како и врачување на голем број награди и признанија.

Книжарницата “Феникс“ е лоцирана во центарот на градот и е место каде што можат   да се  најдат најразлични литературни дела од афирмирани и етаблирани автори, но и нови и млади книжевни имиња. Тука секоја година традиционално се одржува фестивалот на читањето и чајот.

Моника Јовановска