Објавен огласот за лица со специјални потреби

Вработување на 300 лица со инвалидност

01.11.2013 14:08

Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика креира политики со што покажува грижа за сите категории на граѓани

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на ЈП„Македонски шуми“, Жарко Караџоски на прес конференција информираа за објавувањето на Јавниот оглас за засновање на работен однос на неопределено работно време за вкупно 300 извршители (лица со инвалидност).
 
“Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика креира политики со што покажува грижа за сите категории на граѓани. Во таа насока беше најавата за вработување на 300 лица со инвалидност, кои се во најтешка положба.
 
Денеска, таа најава станува реалност со објавувањето на огласот за вработување на 300 лица со инвалидност за 2014 година на неопределено време. Огласот е достапен во дневните весници, како и на web страните на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, каде што заинтересираните ќе можат да се информираат за условите за аплицирање за работните позиции: (160) помошни работници со ниско образование односно ниска квалификација, (100) референти  извршители со средно и вишо образование, (40) соработници/советници со високо образование”  рече Спасов
 
На огласот може да се јават невработени лица со инвалидност и тоа:лица со оштетен вид (слабовидни и слепи),лица со оштетен слух (наглуви и глуви),лица со пречки во гласот, говорот и јазикот,лица со телесна инвалидност (тешка и потешка телесна инвалидност),лица со пречки во менталниот развој (лесни и умерени пречки),лица со комбинирани пречки и инвалиди на трудот , кои што немаат засновано работен однос и кои што поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето и се работоспособни, врз основа на наод и мислење од надлежен стручен орган или Комисија за оцена на работната способност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
 
“Лицата со инвалидност кои што ќе ги исполнат условите ќе се вработат во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми Македонски шуми, а потоа ќе се распоредат во државната и јавната администрација. Распоредувањето ќе се реализира по претходно утврдени потреби од страна на институциите и според способностите и квалификациите на лицата со инвалидност утврдени со мислење на надлежна комисија”потенцираше Спасов
 
 
“Изборот на кандидати за засновање на работен однос ќе се врши согласно со утврдените критериуми на бодирање:период и години на невработеност до 40 бода,личен приход на лицето со инвалидност до 30 бода,приход на домаќинство до 20 бода,еднородителско семејство или домаќинство кое што има повеќе членови со инвалидност до 10 бода.При оцена на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 01.01.2013 година. Социјалната парична помош, посебниот додаток, паричниот надомест за помош и нега од друго лице и додатокот за слепило/мобилност  не се земаат како приход на кандидатот и членовите на домаќинството”нагласи Спасов
 
 
 
“При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, при што изборот ќе се врши врз основа на  застапеноста на видот и степенот на инвалидност според бројот на поднесените барања на овој оглас. Во овој случај застапеноста на лицата со инвалидност ќе биде во зависност од поднесените барања од кандидати со ист вид и степен на инвалидност, при што најголем број на работни места ќе добијат лицата кои ќе поднесат најмногу барања од ист вид и степен на инвалиднот.Работното искуство и степенот на стручното усовршување ќе се смета за. При распоредувањето на избраните кандидати ќе се има во предвид наодот и мислењето на Комисијата за определување на работи кои може да ги извршува инвалидното лице на соодветно работно место”заврши Спасов