Планетарна плима на канцерогени заболувања

04.02.2014 23:25

Светот се соочува со плима на заболувања од рак...

Светот се соочува со плима на заболувања од рак. Годишно со оваа тешка болест се дијагностицираат 14 милиони луѓе. Но бројот на случаи ќе достигне 19 милиони до 2025 и 24 милиони до 2035 година.

-Гледаме рапиден пораст на ракот во целиот свет, особено во земјите со ниски и средни приходи. Ракот е глобален проблем и нема да можеме да се справиме со него само со напредок во лекувањето, вели д-р Кристофер Вајлд, Меѓународна агенција за истражување рак.

За среќа, половина од овие случаи може да се спречат, но само ако човекот престане премногу наивно да ја сфаќа улогата на исхраната. Светската здравствена организација укажува дека мора да се размисли за ограничувања на алкохолот, шеќерот и пушењето.

-Многу канцери може да се спречат. Ракот не е нешто неизбежно, можеме да сториме нешто на ниво на населението, на владите и на индивидуално ниво. Има многу мерки за намалување на ризикот, смета д-р Андреас Улрих,

Најголемиот товар од новите случаи на рак ќе падне на светот во развој. Според Светската здравствена организација, главни извори на случаите што може да се спречат се: пушењето, инфекциите, алкохолот, дебелината и неактивноста, радијацијата од сонцето и медицинските скенери, загадувањето на животната средина и одложувањето на бременоста, раѓањето помалку деца и избегнувањето на доењето.

Ивана Салтировска