Рисовски и Пак во посета на ОУ Браќа Миладиновци

ИБ програма во ОУ Браќа Миладиновци

01.11.2013 15:26

Од наредната година министерството за образование и наука ќе ја имплементира ИБ програмата и за предметна настава

Во Основното училиште Браќа Миладиновци од почетокот на оваа учебна година е воведена меѓународната ИБ програма за учениците од прво до петто одделение. Министерот Ристовски и Претседателката на Комисијата за образование и култура во Европарламентот Дорис Пак, присуствуваа на наставата за да се уверат во успешноста на оваа програма.

ИБ програмата е реформа која се спроведува во 145 земји во светот. Преку неа, децата се многу повеќе интерактивно вклучени во практичната работа. Оваа програма има иста важност  како и редовното основно образование. Претседателката на комисијата за образование и култура во европарламентот Дорис Пак, рече дека стандардот тука е одличен и дeкa би била среќна aкo и во Германија има вакви специјализирани училишта, кои што се базираат на развивање на вештините.

Министерот за образование и наука Ристовски,  рече дека за посетата ,Пак, го одбрале ова училиште  како второ во кое се спроведува оваа програма, покрај основното св Кирил и Методиј.

Од наредната година министерството за образование и наука ќе ја имплементира ИБ програмата и за предметна настава во двете основни училишта  за да им овозможи на учениците  да продолжат да учат по оваа меѓународна програма. Македонија е една од земјите која го финансира во целост воведувањето на ИБ програмата во училиштата, а ресорното министерство ги финансира сите обуки на стручниот кадар. Во светот, пак, овие програми најчесто се воведуваат во приватните училишта.

Александра Перевска