Судијката Елена Гошева наредните три години ќе биде на чело на Уставниот суд

Нов Претседател на Уставен суд

01.11.2013 15:33

Гошева е избрана за Уставен судија во мај 2012-та година

Судијката Елена Гошева наредните три години ќе биде на чело на Уставниот суд.  Доаѓа на местото на судијата Бранко Наумоски на кого му истече тригодишниот мандат. На тајното гласање повеќе од шест од вкупно деветмина судии одлучија таа да биде претседател на Судот.
Гошева е избрана за Уставен судија во мај 2012-та година. Претходно беше претседател на Советот на јавните обвинители, фукнција која ја вршеше до 2010-та година. Судијката со богато професионално резиме кариерата ја започна во основното јавно обвинителство, а потоа беше унапредена во виш јавен обвинител. Учествувала во подготовката на неколку законски предлози од областа на јавното обвинителство, а се јавува и како редовен ментор од областа на кривичното право во Академијата за судии и за јавни обвинители.