Kолку тежат имотите на Шекеринска и Мијалков

01.11.2013 15:52

Сосема е легитимно Шеќеринска да прашува за имотот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема  е  легитимно  Шеќеринска  да  прашува  за  имотот  на  членовите  на  ВМРО-ДПМНЕ, но  освен  да  прашува,  велат  од  ВМРО-ДПМНЕ, таа  треба  и  да  одговори , како  таа  заедно  со  сопругот   заработила    пола милион  евра  за   пет  години , за  да  купи  пет  стана.
Во  нејзиниот анкетен  лист  рече  Јакимовска  нема  податоци  за  штедните  влогови  на  семејството  Шеќеринска -Јанковски  ниту  е  наведена  вредноста  на  уметничките  дела  што  ги  поседува .Уште  поинтересно  е  според  Јакимовска што  Шеќеринска  овој  имот  го  стекнала  во  периодот  од 2006 –та  до  2011 –та  по функцијата потпретседател на   Владата. 
За  Шеќеринска  поставеното  прашање  како  што  изјави  е  веќе  виден  филм и  прашува  зошто  власта  до  вчера  не  барала  одговори  за  нејзиниот  имот 
Шеќеринска  ја  прозва  антикорупциска  и  јавното  обвинителство да  си  ги  извршуваа  обврските  за  коишто    како  што  рече  и  се  платени   и  да  ги  дадат  одговорите  на  јавноста  за  имотот  на  првиот  човек  на  УБК.