ЕЛЕМ: Редовно снабдување со електрична енергија на регулираниот пазар

10.01.2017 12:26

Поради екстремно ниските температури стои во дописот, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка во однос на истиот период за последните пет години.

Снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со нивните потреби, информираат од ЕЛЕМ.

Поради екстремно ниските температури стои во дописот, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка во однос на истиот период за последните пет години. 

Сите расположливи капацитети за производство на електрична енергија се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија се обезбедуваат на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од регулаторната комисија за енергетика, посочуваат од ЕЛЕМ.