Суво време со магла по одделни котлини и речните долини

Временска прогноза

04.11.2013 09:55

Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево претежно стабилно и суво време со магла по одделни котлини и речните долини, а во крајниот северозападен дел ќе има услови за зголемување на облачноста и за краткотраен дожд.
 
Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени.
 
Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и температура до 18 степени.
 
Поголемо зголемување на облачноста ќе има во вторник кога се очекуваат и локални врнежи од дожд на повеќе места.