Продолжува расправата за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година

Собранието ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

04.11.2013 09:57

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 75. седница ќе ја продолжи расправата за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 75. седница ќе ја продолжи расправата за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.
По завршувањето на оваа точка ќе почне расправата по Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Модернизација на блок 1 во ТЕ Битола“, кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.
 
Пратениците ќе расправаат и за измените на Законот за генетски модифицирани организми, Законот за заштита на природата, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за квалитет на амбиентниот воздух, Законот за управување со отпад,  Законот за водите и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема.
 
Во прво читање на оваа седница ставени се и измените на Законот за туристичка дејност, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за градежни производи, Законот за безбедност на производите, Законот за трговија и Законот за вршење на занаетчиска дејност.
 
На дневен ред се и измените на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Законот за метрологијата, Законот за техничка инспекција, Законот за Државниот пазарен инспекторат, Законот за возила, Законот за стечај и Законот за енергетика.
 
Од областа на здравството пратениците ќе дебатираат за измените на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, Законот за прекинување на бременоста, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни субстанци, Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, Законот за лековите и медицинските помагала, Законот за хемикалии, Законот за евиденциите во областа на здравството  и Законот за здравствена заштита.
 
На седницата се и измените на неколку законски решенија од безбедноста и одбраната како измените на Законот за детективска дејност, Законот за приватно обезбедување и Законот за оружјето.
 
Пратениците ќе дебатираат и за измените на Законот за безбедност на храната, Законот за Државен инспекторат за земјоделство, Законот за шумарска и ловна инспекција,  Законот за рибарство и аквакултура, Законот за тутун и тутунски производи и измените на Законот за ловството.
 
На дневен ред на седницата се и повеќе предлог закони од областа на градежништвото, железничката инфраструктура, социјалата и културата.