Само во првото тромесечје се забележани 550 поплаки во делот на гаранции,сервисирање и неквалитет на производите

Колку се познаваат потрошувачките права

04.11.2013 10:22

Законот ги штити правата на потрошувачите , но тие немааат трпение да чекаат и реагираат на квалитетот на скапо платените уреди

Дел од трговците си тераат по старо .Се обидуваат да профитираат  подметнувајќи им на потрошувачите неквалитетни машини,ладилници или  телевизори .Рекламациите на квалитетот на уредите во гарантниот рок се бавни ,  а ефектите  најчесто скромни .Законот ги штити правата  на потрошувачите , но тие немааат трпение да чекаат и реагираат на квалитетот на скапо платените уреди  . 
 
,, Само во првото тромесечје се забележани 550 поплаки во делот на гаранции,сервисирање и неквалитет на производите.Се жалат граѓаните дека производите бавно се поправаат или пак не се заменуваат во законскиот рок .”-вели Марија Лончар-Велковска од ,,Организацијата  на потрошувачите.
 
Незадоволните реагираат  ,но најчесто не знаат на која адреса да се обратат.Едукацијата за правата на потрошувачите е најдобар лек ,велат од ресорот економија .  
 
,,Има граѓани кои при купувањето се незадоволни , но не знаат каде да се обратат.Затоа и на интернет  страницата  на Пазарната инспекција има прашалник кој можат да го пополнат и да се информираат за нивните права .”-вели министерот за економија Ваљон Сараќини .
 
По урнек на развиените земји и големите домашни трговски центри се вклучија во кампањата за едукација на потрошувачите ,кои оваа тема многу не ги допира се додека не забележат дека скапо платениот уред не им работи ,а тогаш веќе е доцна .