Навики што ја оштетуваат вашата коса

06.02.2014 11:39

Во овој текст истакнуваме три лоши навики со кои жените секојдневно ја оштетуваат својата коса. Еве и совети како да се ослободите од нив

* КОРИСТИТЕ ВАЛКАНИ ЧЕТКИ

Валканите четки за коса со многу влакна на себе, со масло и со насобрани производи за нега на коса се совршена подлога за развој на бактерии. Чистете ги барем еднаш месечно со мешавина од сода бикарбона и од млака вода.

*ЈА МАЛТРЕТИРАТЕ МОКРАТА КОСА

Косата е послаба, кршлива и понежна кога е мокра. Не ја сушете со грубо триење со крпата, туку нежно исцедете ја водата. Покрај тоа, не ја чешлајте косата додека е мокра. Користете чешел или четка со широко распоредени запци и четкајте од краевите дел по дел кон коренот. Оставете ја косата сама да се исуши на воздух, па потоа досушете ја со фен дури кога ќе биде речиси сува.

*ПРЕМНОГУ ЈА СУШИТЕ КОСАТА

Кога феновите и пеглите ги користите на бојадисана и на коса што се третира со хемикалии, таа дополнително се оштетува. Наместо да ја надокнадите изгубената влажност со разни маслени третмани, само уште повеќе ќе ѝ наштетите на косата. Не го вклучувајте фенот на најсилна температура и ставете кокосово масло како регенератор во текот на ноќта, па наутро измијте ја косата со шампон.