Изложба на најдобрите постери од конкурсот „Citizen 2020“

04.11.2013 10:25

Централниот настан на шестиот по ред „Скопје Постер Фестивал“ ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар

Централниот настан на шестиот по ред „Скопје Постер Фестивал“ ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар, каде ќе бидат прикажани најдобрите постери од конкурсот „Citizen 2020“.
 
Фестивалот започна на 18 окотмври, а ќе трае до 15 ноември. Нуди богата културна програма во рамките на која ќе бидат организирани голем број презентации и работилници на светски реномирани графички дизајнери, изложба на постери од „Citizen 2020“ и изложби на членовите на меѓународното жири. 
 
Фестивалот денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе се обратат основачот на „Скопје Постер Фестивал“ Лазе Трипков, претседателот на жирито, дизајнер и илустратор Мирко Илиќ и дизајнерите и членови на жирито, Небојша Гелевски и Франсоа Гаспар.