Локални избори во Косово

04.11.2013 10:56

Првичните резултати од  локалните избори на Косово се очекуваат во текот на денот.. Странсксите медиуми изборите ги оценија како напнати и полни со нерегуларности, откако во северна Митровица, вооружена маскирана група ги ограбила и уништила гласачките ливчиња. На неколку други  избирачки места во Митровица гласањето беше запрено, а набљудувачите на ОБСЕ повлечени од мониторингот. Според извештаите излезноста на изборите изнесува околу 46 насто. Официјалните резултати би требало да бидат објавени најдоцна за два дена. Вториот изборен круг е на 1.

Првичните резултати од  локалните избори на Косово се очекуваат во текот на денот.. Странсксите медиуми изборите ги оценија како напнати и полни со нерегуларности, откако во северна Митровица, вооружена маскирана група ги ограбила и уништила гласачките ливчиња. На неколку други  избирачки места во Митровица гласањето беше запрено, а набљудувачите на ОБСЕ повлечени од мониторингот. Според извештаите излезноста на изборите изнесува околу 46 насто. Официјалните резултати би требало да бидат објавени најдоцна за два дена. Вториот изборен круг е на 1. Декември, во општините каде што ниеден кандидат не ја освоил довербата ќе се гласа само за двајцата што добиле најмногу гласови.