Каиро судење Морси

04.11.2013 11:01

Се најавуваат нови безредија во Египет. Соборениот исламистички претседател Мухамед Морси е префрлен во Полициската академија во Каиро каде што треба да почне судењето против него. Морси и 14-мина други членови на Муслиманското братство се обвинети за поттикнување насилства и судири пред претседатлската палата лани во декември. Тие се соочуваат со казна доживотен затвор. Приврзаниците на Морси велат дека станува збор за политички мотивиран процес и повикаа на масовни протести. Морси стана претседател на Египет во јуни 2012 по за првпат  одржаните демократски избори.

Се најавуваат нови безредија во Египет. Соборениот исламистички претседател Мухамед Морси е префрлен во Полициската академија во Каиро каде што треба да почне судењето против него. Морси и 14-мина други членови на Муслиманското братство се обвинети за поттикнување насилства и судири пред претседатлската палата лани во декември. Тие се соочуваат со казна доживотен затвор. Приврзаниците на Морси велат дека станува збор за политички мотивиран процес и повикаа на масовни протести. Морси стана претседател на Египет во јуни 2012 по за првпат  одржаните демократски избори. Тој беше соборен од власт во јули годинава по масовните демонстрации против неговото владеење.