Игран филм

ТЕРМИНАЛ

Сабота (16.09.2017) 20:15

САД, 2004

Режија: Стивен Спилберг
Улоги: Том Хенкс, Кетрин Зета Џоунс, Стенли Тучи, Ки Макбрајд, Диего Луна
Жанр: комедија/ драма

Патникот Виктор Наворски кој потекнува од една мала источноевропска земја пристигнува на аеродромот во Њујорк. Непосредно по слетувањето, од аеродромскиот персонал дознава дека не може да го напушти аеродромот бидејќи во текот на летот во неговата земја избувнала војна. Таа веќе не постои, па така и неговиот пасош станува неважечки. Преку ноќ тој станува бездомник, а аеродромскиот терминал му е втор дом каде што треба да помине денови и месеци.