„Твитер“ пријави загуба од 645 милиони долари за 2013

06.02.2014 14:43

Компанијата „Твитер“ пријави загуба од 645 милиони долари за минатата година поради слабиот раст, што поттикна загриженост кај инвеститорите. Микроблог страницата ја пријави загубата, по три месеци откако нејзините акции почнаа да се продаваат и купуваат на Њујоршката берза.  

Во моментот на првото котирање, „Твитер“ беше проценет на 18 милијарди долари. На блогот лани се закачувале 241 милион корисници месечно што е за  скоро четири насто повеќе од истиот период во 2012-та. 

Корисниците на Твитер, меќу кои првите луѓе на Мајкрософт,  сметаат дека новата платформа на блогот е компликувана. Во компанијата велат дека 75 насто од приходите од рекламирањето се остваруваат преку платформите на мобилните телефони.