Црвено вино за здравје

06.02.2014 15:31

Најважните антиксиданти кои ги има во црвеното вино се ресвератолот и група на хемикалии наречени флавоноиди. Покрај нивната моќ да ги абсорбираат слободните радикали, се смета дека тие го штитат и срцето со тоа што го намалуваат ризикот од згрутчување на крв и од запаление на клетките. Освен тоа, флавоноидите имаат влијание и во борбата против ракот, бидејќи предизвикуваат природна смрт на заболените клетки. Ресвератолот пак има и улога во активирање на протеинот кој го продолжува животот на клетките. Се  препорачуват конзумирање на една до две чаши (од 150 мл) црвено вино дневно.

Најважните антиксиданти кои ги има во црвеното вино се ресвератолот и група на хемикалии наречени флавоноиди. Покрај нивната моќ да ги абсорбираат слободните радикали, се смета дека тие го штитат и срцето со тоа што го намалуваат ризикот од згрутчување на крв и од запаление на клетките. Освен тоа, флавоноидите имаат влијание и во борбата против ракот, бидејќи предизвикуваат природна смрт на заболените клетки. Ресвератолот пак има и улога во активирање на протеинот кој го продолжува животот на клетките. Се  препорачуват конзумирање на една до две чаши (од 150 мл) црвено вино дневно. Но, внимавајте , бидејќи конзумирање на поголема количина на црвено вино од онаа што беше наведена погоре може да ги поништи сите претходно спомнати придобивки. Дури и повеќе, може да придонесе за појава и ширење на истите оние болести кои умереното конумирање ги спречува. Грозјето произведено во поладни и повлажни региони има повеќе ресвератол. Најмногу го имаат оние сорти кои се најподложни на мувла, па затоа Пинот Ноар е, на пример, вино кое е исклучително богато со ресвератол. Вината кои се постари исто така имаат поголемо количество  од овој антиоксидант бидејќи младите вина може да бидат филтрирани, преку процес кој отстранува дел од горчината на виното, но исто така се отстранува и дел од ресвератолот. Слично правило важи и за флавоноидите. Овие соединенија се концентрирани во лушпата и семките на грозјето. Еден од флавоноидите кои ги има во вината е антоцианинот, кој им ја дава црвената нијанса. Колку е бојата на виното подлабоко црвена, толку  бил подолг контактот на виното со лушпата на зрната грозје за време на ферментација, па оттука е и поголемо количеството на флавоноидот. Значи, убаво созреано Кабернет Шевињон вино е прекрасен избор.