Игран филм

ВРАЌАЊЕ НА БОИШТЕТО

Понеделник (13.02.2017) 20:15

САД, 2008 

Режија: Кимберли Пирс
Улоги: Рајан Филипе, Ејби Корниш, Џозеф Гордон- Левит, Ченинг Тејтум
Жанр: драма

Воена драма во која ветераните ги преиспитуваат своите животни ставови и чувства- меѓусебните односи и односите во семејството, чувствата на љубов, лојалност, патриотизам, чест и храброст. По завршувањето на службата во Ирак, наредникот и ветеран Брендон Кинг се враќа во родниот град во Тексас и се обидува да продолжи да живее како цивил, со помош на семејството и најдобриот пријател Стив Шривер. Додека пријателите некако се обидуваат да се навикнат на градската рутина, одненадеж им стигнува повик повторно да се вратат на боиштето во Ирак.