Игран филм

ПОБЕДА

Петок (17.02.2017) 20:15
Италијански филм, 2009

Режија: Марко Белокио
Улоги:  Џована Мезоџорно, Филипо Тими, Корадо Инверници
Жанр: биографска драма

Вистинска приказна за животот на љубовницата на Мусолини, Ида Далсер и нивниот син Албино. Италија, 1910 година. Бенито Мусолини е млад револуционер вработен како новинар, кој набрзо добива отказ. Откако ја запознава Ида Далсер, почнуваат љубовна врска што ќе ја крунисаат со брак во 1914. За кратко време, пред почетокот на Првата светска војна, Ида се породува со синот Бенито Албино. Кога почнува војната, сопружниците губат секаков контакт, но по завршувањето, Ида го пронаоѓа Бенито во болница и тогаш ја дознава потресната вест. Прекрасна психолошка драма која веродостојно го прикажува сложениот љубовен однос на италијанскиот фашистички водач Бенито Мусолини и неговата љубовница, како и сопругата Ида Далсер со синот Бенито. Во филмот ќе ги запознаеме и неговата втора љубов, настаните поврзани со неговиот болен син, состојбата во Италија во периодот од Првата светска војна до четириесеттите години. Филмот е добитник на многу награди  и номинации.