Попоски на 53-тата Минхенска безбедносна конференција

17.02.2017 10:25

Трансатлантските односи по изборите во САД, односите со Русија, војната во Сирија, состојбата во Азија и Пацификиот, како и мигранстаката криза и исламскиот екстремизам се главни теми на овој еминентен собир.

Вицепремиерот и министер за надворешни Никола Попоски учествува на 53-тата Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија.

Трансатлантските односи по изборите во САД, односите со Русија, војната во Сирија, состојбата во Азија и Пацификиот, како и мигранстаката криза и исламскиот екстремизам се главни теми на овој еминентен собир.

На Годинашната конференција, со која ќе претседава Волфганг Ишингер, ќе учествуваат 500 лидери и лица одгворни за безбедносни политики.

Како што соопшти МНР, вицепремиерот и министер Попоски, во Минхен, ќе оствари повеќе средби со колегите од земјите-членки и партнери на НАТО.