Тилерсон- Лавров: Кремљ да се придржува до своите обврски кон Украина

17.02.2017 11:12

Рекс Тилерсон на првата билатерална средба во Бон со својот руски колега Сергеј Лавров му порачал дека Кремљ мора да се придржува до своите обврски кон Украина, ако сака подобра соработка меѓу Москва и администрацијата на претседателот Доналд Трамп...

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на првата билатерална средба во Бон со својот руски колега Сергеј Лавров му порачал дека Кремљ мора да се придржува до своите обврски кон Украина, ако сака подобра соработка меѓу Москва и администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

„САД ќе работат со Русија кога ќе најдеме заеднички области на практична соработка која би била корисна за американскиот народ. Ако немаме заедничка точка, Вашингтон ќе си ги застапува свите интереси и вредностите на нејзините сојузници. Бараме нов заеднички терен и очекуваме Русија да го почитува Договорот од Минск“, изјави државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

Покрај соработката, дипломатите зборувале и за Сирија, Украина и Авганистан. Тилерсон за првпат по стапувањето на функцијата се сретна со својот руски колега на маргините на Г20.

Германија е домаќин на средбата на шефовите на дипломатиите на Г20, посветена на најголемите светски прашања.