Јункер: Ќе бидат потребни повеќе од две години за излез на Британија од ЕУ

17.02.2017 11:38

Премиерката Тереза Меј најави дека во март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што ќе стартуваат преговорите за Брегзит.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер тврди дека ќе бидат потребни повеќе од две години за постигнување на договорот за сите прашања поврзани со излезот на Велика Британија од Унијата.

Премиерката Тереза Меј најави дека во март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што ќе стартуваат преговорите за Брегзит.

Според Јункер, Обединетото Кралство ќе треба да смени најмалку 20.000 закони пред да го напушти блокот. Нагласи дека се додека е официјално членка на Унијата, Британија нема право да ги довршува договорите за билатерална трговија кои се во надлежност на Брисел.