Штрајк на дел од вработените во МПМ

17.02.2017 14:07

Новинарите на „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ не ја добија јануарската плата во предвидениот рок што му го дадоа на менаџментот...

Штрајк на дел од вработените во Медија принт Македонија (МПМ) поради, како што велат, доцнење со платите и неисплаќање на хонорарите. Новинарите на „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ не ја добија јануарската плата во предвидениот рок што му го дадоа на менаџментот.

Тие за штрајкот добија поддршка и од Здружението на новинарите на Македонија. Оттаму го повикаа менаџментот веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

„Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар врз слободата на медиумите. Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите“- велат од ЗНМ.