Дијалог за унапредување на женското лидерство

17.02.2017 15:18

Меѓународен дијалог за унапредување на женското лидерство и креирање стратегиски политики за економски развој, кариера и трансфер на знаења. 40 еминентни жени- лидери во улога на панелисти. 300 учесници од пет континенти дебатираат на Глобалниот самит што се одржува во главниот град на земјава.

Симбол на семејни вредности, присутна насекаде, најупорниот и најуспешен водач- лидер, жената речиси секогаш успева да ги постигне зацртаните планови и цели. Стереотипите во општетството сѐ уште имаат влијание, мал е бројот на менаџерки или политичарки, голем е бројот на жени во приватниот сектори помалку платени од мажите. Тоа мора да се смени- порачаа жените лидери во бизнисот на Глобалниот самит во Скопје под покровителство на првата дама, Маја Иванова.

Во Македонија јазот во родовата еднаквост полека се надминува, но сѐ уште недоволен е бројот на жени на менаџерски позиции во профитабилни дејности, проблем е и разликата во платата од 30 насто за работа на иста позиција со мажите во компанијата. Најголем број жени работат во услужните дејности, само 30-тина насто ги има бизнисот со информатичките технологии.

И на политичката арена сѐ уште има просор за поголема застапеност на жените.

Квотите помогнаа да се подобри застапеноста на жените во Собранието и во локалните совети, но во Владата и кога се во прашање градоначалниците на општините, жените не се доволно застапени. Ваквите настани се добра можност да ја подигнеме свеста, вели Луиза Винтон, постојан преставник ана УНДП во Македонија.

Заедничка платформа ги обединува жените од приватниот и јавниот сектор од пет континенти од различни области, со меѓународен дијалог да креираат стратешки политики на економски развој, да ги наметнат глобални трендови за женско лидерство.

На Глобалниот самит во Скопје, дијалог водеа 40 еминентни жени лидери, 300 учеснички од пет континенти.

Сузана Фиданска- Стоевска