Игран филм

СЕЛМА

Среда (31.01.2018) 20:45

САД, 2014

Режија: Ава Дуверни
Улоги: Дејвид Ојелово, Кармен Ејого, Том Вилкинсон, Мартин Шин, Кјуба Гудинг Џуниор, Опра Винфри
Жанр: драма/литературен

„Селма” претставува приказна за движењето на отпорот, тримесечен сериозен политички потрес во граѓанското општество на Америка во текот на 1965, кога д-р  Мартин Лутер Кинг водел опасна кампања за да обезбеди еднакви гласачки права во борба против расистичкиот закон, кој луѓето со темна боја ги третирал како граѓани од втор ред и без право на глас. Со потпишувањето на Законот за гласачките права од страна на претседателот на САД, била извојувана една од најзначајните победи на движењето за човекови права.

Филмот е работен според литературно дело и е номиниран дури за 4 Златни глобуси: за најдобар филм, за најдобар режисер, за главна улога и за најдобра оригинална песна.