УЕФА Европа лига - осминафинале

Лион - Рома ексклузивно на МТВ1 во 21.05

09.03.2017 14:25

Французите се далеку и од третото место во домашното првенство, па во УЕФА лигата гледаат шанса да стигнат и до првиот европски пехар и до елитното натпреварување следната сезона, особено по убедливите 11:2 двомечот со АЗ Алкмар.

Со европско реноме, но без трофеи Лион и Рома третпат ќе се соочат откако во 2007-ма Италијанците по 0:0 во Рим, на тогашниот Жерлан славеа со 2:0 во осминафиналето на Лигата на шампионите. Оттогаш многу работи се сменија, вечни се само Тоти, Де Роси, па и Спалети кој лани се врати на клупата на Рома.

Французите се далеку и од третото место во домашното првенство, па во УЕФА лигата гледаат шанса да стигнат и до првиот европски пехар и до елитното натпреварување следната сезона, особено по убедливите 11:2 двомечот со АЗ Алкмар.

Веројатно Лион ќе биде комплетен без разлика на повредите на капитенот Гоналон и на десниот бек Рибу. Право на настап нема засилувањето од Манчестер Јунајтед, Депај.

Лион којшто од Лигата на шампионите се префрли во оваа нокаут фаза во последните четири натпревари во сите конкуренции има три победи и реми. Рома, пак е во криза, затоа што во истиот период загуби трипати, а го совлада само Интер, но римската волчица сезонава не е поразена во Европа лигата.

Иако и двете екипи играат офанзивен фудбал, тренерот на Лион, Женесио изјави дека треба да бидат внимателни бидејќи секоја грешка може скапо да ги чини и дека цел им е во реваншот да одат со предност.

Спалети, пак, кој нема да може да смета на суспендираниот Ридигер и на оддамна повредениот Флоренци,  изјави дека неговата екипа не смее премногу да се отвори затоа што Лион има брзи фудбалери, но дека со балансиран однос на теренот ќе се обиде да победи.

Преносот од првиот осминафинален дуел во УЕФА Европа лигата меѓу Лион и Рома ќе биде на МТВ1 во 21 часот и пет минути.

Во истиот термин ќе играат уште и Олимпијакос - Бешикташ, Шалке - Борусија Менхенгладбах, Гент - Генк и Селта - Краснодар.

Во 19 часот, пак, на програмата се три натпревари: Копенхаген - Ајакс, АПОЕЛ - Андерлехт и Ростов - Манчестер Јунајтед.