Нови полицајци

Полицијата се подмлади со 318 полициски службеници

04.11.2013 11:46

Со 318 нови полицајци се подмлади македонската полиција

 Со добивањето на полициската значка  се заколнаа дека ќе ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните и уредно ќе ја извршуваат полициската работа.. Подготвени се за предизвиците. 
 
Андријана Костадиновиќ  - полицаец 
Добивме супер одлични компетенции , се чувствиваме подготвени за да одговориме на полициската работа.
 
Александар Стрезовски – полицаец
 
(Беа имплементирани најдобрите Европски практики и искуства , стекнавме доволно компетенција да се справиме со проблематиката на теренот.
По најсовремени стандарди  ја завршија  обуката во три сегменти, јавен ред и мир , сообраќајна полиција  и обезбедување на државната граница. 
 
 Гоце Бачанов – началник на Центарот за обука Идризово
 
Во центарот за обука , како и на теренот и на работното место,ги проверувавте, оценувавте вашите достигнувања во процесот на совладувањето  на вештините , кои беа неопходни ,согласно програмата.)
Со овој чин ги наследивте сите успеси и признанија на македонската полиција ,сеќавањата на колегите кои ги жртвуваа животите  - Добредојде во полициското семејство им посака министерката  Јанкулоска. Им порача дека интересите на граѓаните мора  да им бидат пред се,  а хуманоста и профдесионалноста , главни карактеристики.
 
Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи
Потпишувањето на заклетвата не значи крај , туку почеток на обврските. Секој ден, секој час, во секоја улица и во секој град во Република Македонија , Вие ќе ја спроведувате оваа заклетва и ќе бидете пример за останатите граѓани.)
На овие млади полицајци државата им ја даде довербата и инвестираше во нив , тие сега  треба да ја оправдаат . 
 
Професионализмот не познава граници . Вработувањето на овбие млади полицајци е само почеток на надоградувањето  кое ќе трае во текот на целата нивна кариера.