Игран филм

ГОЛЕМА ЅВЕРКА

Сабота (19.05.2018) 20:15
САД, 2015

Режија: Ник Сендоу
Улоги: Патриша Аркет, Мајкл Империоли, Винсент Пјаца, Мајк Стар
Жанр: крими драма/ мистерија/ трилер

Томас е опседнат со мафијата и желбата да се вклопи во неа. Неговата опседнатост оди толку далеку што со денови го следи судењето на Џон Готи, американски мафијаш со италијанско потекло и бара начини тоа да се поништи. Тој смета дека ако е доследен на својата идеја, ќе се стави себеси во прв план и ќе ја здобие довербата на важните имиња, а најмногу на Џон Готи. Роса е лудо вљубена во Томас, и можеби не е толку опседната со мафијата, колку што ужива во адреналински набиените моменти што ги поминуваат заедно. Користејќи го начинот на криминално дејствување на Џон Готи, како модел во добро осмислените грабежи, тие веруваат дека ќе се здобијат со довербата во мафијашките редови.
Филмот претставува култна мафијашка приказна претставена низ наполно нова перспектива, во која се испреплетени вистински луѓе и настани, минатото и сегашноста со фикција.