Како да се биде припадник на АРМ?

20.03.2017 15:31

Министерството за одбрана денеска почна презентација пред матурантите во средните училишта во земјава претставувајќи им ги можностите на младите како да аплицираат за служење доброволен воен роки во АРМ и за вработување како професионален војник. Ова е прва ваква презентација на Министерството во годината кога АРМ одбележува 25 години постоење.

Како да се биде припадник на Армијата на Република Македонија? Како матурантите по завршувањето на средното училиште може да аплицираат за служење доброволен воен рок , а потоа и да се вработат како професионални војници во Македонската армија? Тоа да биде професија, да се учествува во мировните мисии, да се биде воен старешина?

Ова е дел од презентацијата што ја почна Министерството за одбрана за прв пат пред македонските матуранти за популаризација на воениот повик кај младите за да се запознаат со начинот, животот, правата и обврските на војниците и старешините во АРМ.

Учениците со впечатоци. Училиштата се отворени на матурантите да им се претстават идните професии, посебно во АРМ.

Министерството за одбрана и АРМ деновиве ќе имаат презентации во сите средни училишта во земјава.

 

Елизабета Митреска