Протест пред СЈО за Кочан

20.03.2017 16:17

Вработените во Трансмет и во Телевизијата Нова денеска на протест на нова локација- пред Специјалното јавно обвинителство. Велат дека треба се укине притворот за нивниот сопственик поради тоа што ќе се доведе во прашање егзистенцијата на илјадници семејства.

„Правда за Сеад“- порака од вработените од компанијата „Трансмет“ и телевизијата Нова кои денеска протестираа пред Специјалното јавно обвинителство. Побараа да се укине мерката притвор за нивниот сопственик. Велат дека се доведува во прашање нивната  егзистенција.

Од Заедницата на Бошњаците протестот е и негодување поради, како што велат, замолчвањето на медиумот.

Вработените во фирмите на Кочан најавија дека од утре ќе протестираат на различни локации.

 

Наташа Гркова- Петрушевска