Активирање на Брегзит

20.03.2017 16:38

Британската премиерка Тереза Меј на 29-ти мај ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што официјално го објавува излезот од Европската унија...

Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што стартува процесот за излез од ЕУ. Со писма до сите 27 земји-членки на блокот, Владата во Лондон ќе бара што е можно побрзо почнување на преговорите за формалното истапување од Унијата. Брисел изрази подготвеност за процесот.

„Подготвени сме да ги почнеме преговорите. Наредно е усвојувањето на насоките на Европскиот совет. Комисијата ќе издаде препорака за отворање на преговорите. Советот ќе го овласти стартувањето“, изјави Маргаритис Схинас, портпарол на Европската комисија.

„Иако Обединетото Кралство и останатите 27 членки на ЕУ го гледаат ова прашање од поинаква перпсектива, мислам дека постои добра соработка“, изјави Пјер Карло Падоан, министер за финансии на Италија.

На 16 март кралицата Елизабета Втора официјално го одобри Законот за процесот за излез од ЕУ, што преходно беше усвоен од двата дом на британскиот Парламент. На референдумот одржан пред девет месеци, 51,9 отсто од Британците се определија за напуштање на Унијата, додека 48,1 отсто беа за задржување на британското членство.  Иницијативата за гласање беше покрената од поранешниот премиер Дејвид Камерон со цел да се смири десницата на Конзервативна партија и Британците да се определат за останување во Унијата. По поразот, Камерон поднесе оставка и беше заменет од Тереза Меј. Медиумите во Лондон најавуваат дека таа ќе им се обрати на пратениците во Парламентот по покренување на членот 50.

Доколку се оди според планираните двегодишни преговори, Брегзит би можел да се случи во март 2019.

 

Маја Филдишев