Дебата на 60 новинари- истражувачи и активисти за мигрантската криза

31.03.2017 14:32

60- тина млади истражувачи новинари и активисти на Младинскиот форум за претставување на бегалците во медиумите во Југоисточна Европа ќе ги споделат искуствата и ќе дебатираат за мигранстката криза. На форумот учествува и репортерката Ана Болт од Полска која со група млади луѓе во знак на поддршка на Мигрантите од Берлин тргнаа пеш за Алепо.

Мигрантската криза е едно од клучните прашања за Европа во моментов. Македонија се наоаѓа на главната рута. Полскиот амбасадор во земјава вели дека неговата држава не ја поддржува идејата за релокација на бегалците и мигрантите. Ставот на Вишеградската група и на Полска е дека проблемот треба да се решава во земјите засегнати од кризата. Потребен е дијалог по прашањето на миграцијата.

Иницијативата „Марш за Алепо“ која започна во Берлин, и на која се приклучиле над 3.000 луѓе од 27 земји од Европа, има за цел да се разберат ужасите на војната во Сирија. Една од учесничките е и Ана Албот од Полска. Таа со активистите до средината на август да пристигнат на турско­сириската граница.

А, мигрантската криза медиумски се презентира само информативно велат од Младиинфо.

Младинскиот форум насловен „Бегалците и мигрантите во новите медиуми во Југоисточна и Централна Европа“ се одржува во организација на здружението Млади инфо.

 

Дијана Ценевска