Да се поедностават комплицираните одлуки

10.02.2014 12:55

Парите ќе играат голема улога во повеќето од големите одлуки кои ги правите, а парите секогаш ќе ви создаваат главоболки. Во секој случај, подобро е да работите со свои, а не со туѓи, позајмени пари, бидејќи ако немате долгови ќе можете да ставите помал акцент на финансискиот елемент на вашата одлука.Доколку прашате пет луѓе да ви го кажат нивното мислење за вашиот проблем, многу е веројатно дека ќе добиете и пет различни одговори, а таквиот резултат ќе направи сè повеќе да се запрашувате која е вистинската одлука, а тоа ќе ве направи позбунети.

Парите ќе играат голема улога во повеќето од големите одлуки кои ги правите, а парите секогаш ќе ви создаваат главоболки. Во секој случај, подобро е да работите со свои, а не со туѓи, позајмени пари, бидејќи ако немате долгови ќе можете да ставите помал акцент на финансискиот елемент на вашата одлука.Доколку прашате пет луѓе да ви го кажат нивното мислење за вашиот проблем, многу е веројатно дека ќе добиете и пет различни одговори, а таквиот резултат ќе направи сè повеќе да се запрашувате која е вистинската одлука, а тоа ќе ве направи позбунети. Консултирајте ги само луѓето кои ќе бидат директно засегнати од вашата одлука, а сите останати само известете ги што сте решиле да сторите. Која е најдобрата, а која најлошата работа која може да се случи ако се решите за првата или втората опција? Дали она што сакате да го направите вреди доволно, за отпосле да ги трпите негативните последици од таквата постапка.Запишете го првото нешто кое ќе помислите дека е она вистинското. Тој запишан одговор може да е клучот за вашата победа.Кога ќе сфатите дека во суштина сте многу среќни што можете да изберете помеѓу повеќе опции, ќе можете да реагирате соодветно.Што ќе се случи ако отпосле сфатите дека не ви се допаѓа одлуката која сте ја донеле? Ќе можете ли да се вратите назад? Препознавањето дали нешто може да биде вратено назад или не, го прави одлучувањето попрецизно во вашата глава.Верувајте си на себе.Честопати се ставаме во позиција да избираме помеѓу опција А и опција Б. Немојте да се плашите да размислите за трета опција. Работите не се секогаш црно-бели.Присетете се на последната одлична одлука која ја донесовте во вашиот живот и дозволете им на позитивните вибрации да ве одведат повторно на вистинското место.Кога веќе сте ја донеле одлуката, верувајте во неа. Бидете убедени дека сте ја донеле вистинската одлука во моментот кога сте морале да ја донесете и потоа, продолжете понатаму со животот. Не оптоварувајте се со мисли од типот „што ќе беше, доколку беше“ и извлечете го најдоброто од вашата нова животна можност.