Албанија: Опозицијата најави радикализација на протестите

21.04.2017 10:34

Почнуваат в понеделник, ден пред посетата на германскиот преговарач за надминување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер.

Албанската опозиција најави радикализација на протестите со блокади на сите патни правци во земјата.

Почнуваат в понеделник, ден пред посетата на германскиот преговарач за надминување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, порача дека не се откажува од барањето за техничка влада.