Димитриев: Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи

21.04.2017 12:05

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа било од „пријателска природа“, вели македонскиот премиер.

Изјавите на албанскиот премиер Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи, пишува премиерот Димитриев на својот Фејсбук профил.

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа било од „пријателска природа“, вели македонскиот премиер.

Сакам да им порачам дека ние, иднината на Македонија ја гледаме во Европската унија и немаме дилема во однос на овој стратешки приоритет, пишува Димитриев. Иднината на регионот не е во обединувањето на две држави или повеќе територии, туку е во обединувањето на сите околу европските вредности во Европската унија, напиша Димитриев на социјалните мрежи.