Се бараат измени во Законот за лица со посебни потреби

21.04.2017 13:19

Родители на деца со посебни потреби бараат отворање на дневни центри и вработување на соодветен персонал.

Родители на деца со посебни потреби од вчера поставија шатори пред македонското Собрание. Велат дека ќе останат до сабота. Апелираат државата да им излезе во пресрет, за да им се подобрат условите за живот на нивните најмили.

Бараат отворање на дневни центри и вработување на соодветен персонал. Министерот за труд и социјална политика Ибрахими, им порача дека барањата адресирани до Министерството ќе бидат прифатени.

Дел од родителите на разговори и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.