Совети за организирање на домот

11.02.2014 13:10

Несесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да залепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.Толку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња.

Несесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да залепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.Толку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња. Иако првично е наменета за чевли, во ваквиот случај би била одлично решение.Скала закачена на ѕид наменета за сушење алишта. Одлично решение за сите домови со мал простор.Доколку сте љубители на чизми, веројатно имате многу во вашиот плакар за чевли. За да не барате која со која си одговара пред секое излегување, организирајте ги закачувајќи ги на закачалки за пантолони.Почнете да ги вртите обратно закачалките кога ќе ја враќате назад носената облека. За неколку месеци оние закачалки што останале непревртени се сигурен знак дека имате вишок облека која не ви е потребна.Кога станува збор за постелата, најдобар начин да ја организирате е доколку ги чувате сите чаршафи во една навлака од истиот комплет.Обичните тегли се идеални за складирање на сите ситници кои се присутни во секој дом. Во нив можете да сместите железни пари, копчиња и разни ситни дреболии.Доколку сте љубители на зачинета храна и поседувате многу зачини дома, ви нудиме уникатно решение за нивно складирање. Купете мали магнетни стаклени садови, ставете ги зачините во нив и залепете ги на фрижидерот.Купете метален држач на кој ќе ги закачете сите ремени. Така ќе бидат прегледни и убаво организираниИ за многуте пара очила имаме решение. Потребно е само да земете голема закачалка и да ги наредите сите пара.Сите ситни работи од бањата можете да ги организирате во засебни стаклени тегли. Тие ќе бидат подобро организирани, а и вашата бања ќе изгледа чисто и уредно.Разните декоративни алки можете да ги наредите на стаклени шишиња. Освен подобра прегледност на вашиот накит, ќе добиете плус креативен украс.Кога сме веќе кај накитот, добра идеја е долгите ланчиња и ѓердани да ги чувате закачени на метални боцки на дрвена подлога која можете да ја обложите со интересна ткаенина која дополнително и ќе го декорира просторот.