Да се подобрат условите за домување на Ромите

11.05.2017 16:14

Да се спроведат проекти за подобрување на условите за домување и живот на ромското население во Прилеп, констатира почетната студија како дел од проектот на Европската унија- Права на домување кај Ромите во прилеп, а ја импленетираат Хабитат Македонија и Националниот демократски институт.

Петнаесет проценти од прилепската насеба Тризла каде, главно живее ромско население, не е опфатена со урбанистичките планови, нема електрична енергија, улично осветлување, нерегулиран собраќај, доволно неуредено речно корито на Дабничка река. Тоа се проблемите кои ги детектира почетната студија за домувањето на ромите во Прилеп. Студијата на „Хабитат Македонија“ и „Националниот демократски институт“ анкетирала 600 ромски семејства. Се препорачуваат и решенија.

Најголем исчекор е направен со легализацијата. Досега проблемот е решен во 47 насто од случаите. Градските власти уверуваат дека низ годините се вложени повеќе милиони евра за подобрување на условите за живот во населбата Тризла, а мометално се одвива голем проект за канализационата мрежа.

Официјално, во Прилеп живеат преку 4.500, а неофицијално бројката е до 8.000 ромско население. Почетни студии за домување на Ромите се направени и во Штип и Чаир, Скопје.

Елизабета Митреска