Брегзит: Преговорите нема да почнат пред средината на јуни

19.05.2017 11:22

Од Европската Комисија наведуваат дека на 22 мај Брисел мора да ги заврши подготвките за преговорите со Лондон каде што на 8 јуни ќе се бира нов парламентарен состав.

Преговорите за Брегзит нема да почнат пред средината на јуни, тврди главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, кој очекува попријатна атмосфера по изборите во Велика Британија во процесот за постигнување на договор.

Од Европската Комисија наведуваат дека на 22 мај Брисел мора да ги заврши подготвките за преговорите со Лондон каде што на 8 јуни ќе се бира нов парламентарен состав.

Барние кој ќе преговара во името на 27 земји-членки, смета дека едно од најтешките прашања во преговорите ќе биде исплатата на сите финансиски обврски на Лондон.