Епл почна производство на АјФон во Индија

19.05.2017 14:18

Епл почна да го произведува својот смартфон во Индија, а првиот проект е производство на нај ефтиниот модел АјФон SE. Тоа е прв чекор на индискиот пазар, на кој долго се чекаше. Производството конечно почна, а го врши тајванската компанија Wistron. Испораките на купците се очекуваат овој месец.

Компанијата Епл бара нови пазари за продажба на АјФон, па покрена производство во Индија, која е главна цел. 

Епл почна да го произведува својот смартфон во Индија, а првиот проект е производство на нај ефтиниот модел АјФон SE. Тоа е прв чекор на индискиот пазар, на кој долго се чекаше. Производството конечно почна, а го врши тајванската компанија Wistron. Испораките на купците се очекуваат овој месец.

Ова се значајни вести за Епл кој сака да се наметне на индискиот пазар во време кога „паѓа” продажбата на АјФон. Но, за да направи успех во Индија, земја во која живеат 1,3 милијарди луѓе, компанијата мора да надмине многу предизвици. Првиот е тоа што според индискиот закон мора да користи 30 отсто од компонентите од локално производство, а другиот е пониска цена на уредите.

Просечната цена на смартфон во Индија изнесува 155 долари, додека АјФон SE најмалку чини 399 долари. На индискиот пазар моментално доминираат кинеските производители на смартфони, кои имаат удел од 50 отсто. Самсунг е најголем бренд и контролира над една четвртина од пазарот, додека уделот на Епл не е поголем од 2 отсто. 
Производството на АјФон во Индија ќе биде многу тешко, а препродавачите АјФон SE ги продаваат за 320 долари. Владата се надева дека цената ќе „падне” за 100 долари.