ММДЧП побара прекин на преговорите за името

29.05.2017 14:13

Овој притисок може да води кон разнебитување на Македонија, додава Николов, бидејќи во овој случај станува збор за игра што влијае врз опстојувањето на Македонија...

Македонските партии да се откажат од натамошните разговори за уставното име на Македонија, бидејќи преку нив се врши притисок врз државниот суверенитет. Ова го пишува Бил Николов од Меѓународното движење за човекови права, во американското списание „Хил“.

Овој притисок може да води кон разнебитување на Македонија, додава Николов, бидејќи во овој случај станува збор за игра што влијае врз опстојувањето на Македонија. Никој не може да се откаже од знамето и идентитетот, пишува Николов во специјализираното списание на американскиот Конгрес.