Финале на Лигата на шампионите

Денешен фудбал - луди бројки

02.06.2017 16:02

Навивачите не се исплашија од митските приказни за „градот на змејовите“, туку од цените. Кога се парите во прашање, сите сме исти! Големата побарувачка и економската логика им даде крилја на Велшаните да побараат фантастични 5.000 евра за едно преноќиште.

„Громови од душа“, навивачки песни од секој паб од каде што се прелева пиво, река народ во дресови на улиците. Тоа е асоцијатацијата за фудбал на островот, тоа е препознатлива најава за финалето на Лигата на шампионите. Но ова финале е уникатно според низа параметри, па наместо фудбалски извици коишто најавуваат грандиозност, Кардиф денеска е во вообичаениот ритам. Фудбалското загревање главно е во Бристол и во Бирмингам!

Навивачите не се исплашија од митските приказни за „градот на змејовите“, туку од цените. Кога се парите во прашање, сите сме исти! Големата побарувачка и економската логика им даде крилја на Велшаните да побараат фантастични 5.000 евра за едно преноќиште. Шпанците и Италијанците се европски жители и фудбалски „лудаци“, но толку не сакаа да платат. Кардиф нуди само 4000 кревети што е неспоредливо со Берлин којшто пред две години ги пречека финалистите со 135 илјади! Велшаните сакаа да заработат, па на околните англиски градови им се отвори работа за заработка. 170 илјади навивачи го најавија присуството во Кардиф, а привилегија да влезат на стадионот ќе имаат само 66 536! Локалците не сакаа да жртвуваат големи пари за да гледааат натпревар на две континентални екипи.

Но Шпанците и Италијанците ќе спијат и под мост, но за билет не штедат, па некои од нив платија и по 3000 евра за „парчето хартија што живот значи“! Во споредба со овие бројки, смешно изгледа просечниот авио-билиет од 500 евра за да се стигне овде деновиве. Во книгите за евиденција три аеродроми запишаа 22 500 лета со конкретна назнака финале на Лигата на шампионите. 1250 автобуси ќе го поврзуваат Кардиф со околните градови, а зголемен е и бројот и фрекфентноста на возовите. И поради цените на сместувањето во велшката престолнина, цел поширок регион е во вонредна состојба, вклучувајќи ги и силите за безбедност. 1500 полицајци од цела Британија допатуваа за да одговорат на предизвиците.

За нив ќе бидат навивачките групи, иако и тие се големи. Двата клуба добија повеќе од 17 000 билети за свои потреби. Реал подели 800 на фудбалерите, 200 на ветераните на клубот, 75 отидоа кај кошаркарите на Реал Мадрид, 160 зедоа директорите, 550 спознорите, 600 вработените во клубот, 118 институциите пријатели. Кон дното на оваа листа се ВИП личностите со 120 билети! Такво е рангирањето затоа што утре на „Националниот стадион на Велс“ вип-личностите ќе ностат дресови, а не костуми!            

Од Кардиф, Тони Стојановски